Амкчп го повторува барањето за одговорно граѓанство во Македонија


Melbourne/Мелбурн 27/2/2017

Парламентарните избори кои се одржаа во Република Македонија во текот на декември минатата година за жал не успеаја да ја разрешат политичката криза која ја зафати земјата во последните 18 месеци. Имено, главните партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по изборите не успеаја да обезбедат мнозинство во Собранието и да формираат владејачка коалиција. Згора на тоа, таквиот неуспех е директно поврзан со интензивирањето и виртуелното претворање на она околу што беше концентрирана кризата на почетокот, односно наводната корупција, во исклучиво етнички прашања.


Во конкретниот случај, помалите политички партии кои го претставуваат албанското малцинство во Македонија, особено ДУИ, нивното евентуално влегување во коалициска влада со главните полиитички партии го условуваат со сет на етнички мотивирани и изопачени барања. Помеѓу другото, етничките албански барања ја содржат и желбата за наметнување на официјалната употреба на албанскиот јазик на целокупната територија на Македонија. Едновремено, обидите на лидерите на етничките Албанци да ги формулираат и моделираат таквите барања низ призмата на човековите права со право се презираат.

Желбата да се наметне јазикот кој го зборуваат околу 20% од населението во Македонија на останатите 80% нема ништо заедничко со човековите права и концептот на одговорно граѓанство. Напротив, таквата политика неизбежно потсетува на национализам склон кон уништување. Практилно, доколку се спроведе, таквата политика несомнено ќе создаде непотребни и огромни тешкотии за држава и општеството подеднакво. Едновремено, очекуван резултат на тоа ќе биде опасното ниво на внатрешното несогласување и раслојување околу суштинските прашања.

Од гледна точка на човековите права, несомнено е правилно тоа што Албанците отсекогаш го поседуваат правото да го изучуваат, негуваат и одржуваат својот мајчин јазик преку државно финасираните образовни институции во Република Македонија. Во основа, јазичните и останатите права гарантирани на етничкото албанско малцинство, согласно со Охридскиот рамковен договор од 2001 година, ги надминуваат стандардните меѓународните конвенции и договори наменети за заштита на малцинските групи и култури. Со други зборови, етничките Албанци во Македонија уживаат правна заштита на нивните јазични и останати човекови и малцински права кои реално ги надминуваат таквите права признати и поседувани од било која друга малцинска група во Европа.

Забележителен е фактот дека ниту еден од личностите кои се активно вклучени во јавните дебати за предметната тема не најдоа за сходно да споменат дека македонското малцинство во Албанија поседува само мал дел од правата и слободите кои се гарантирани и непречено ползувани од страна на албанското малцинство во Македонија. Дополнително, сомневањата за малициозните намери на споменатите албански барања се зголемија со самиот факт дека лидерите на етничките Албанци своите барања не ги презентираа за време на предизборната кампања, туку веднаш по завршувањето на постизборните консултации со раководството на странска држава, односно во соседна Албанија, под покровителство на премиерот Еди Рама. Поврзано со претходното, неопходо е да се нагласи дека, во демографска и етничка смисла, етничките Албанци доминираат во вкупно две соседни држави на Македонија, односно Албанија и Косово.

Оттука, АМКЧП ги повикува членовите на сите политички партии во Македонија да го отфрлат корумпираното етно-политичко пазарење на нивните лидерства, кои го третираат населението како етнички пиони во функција на нивното преземање или одржување на власт. Како и во сите останати држави, на Македонија и е потребна влада која се води од премисата дека самата причина за нејзиното постоење (raison d'être) е служењето во интерес на граѓаните на Република Македонија.

Established in 1984, the Australian Macedonian Human Rights Committee (AMHRC) is a non-governmental organisation that informs and advocates before international institutions, governments and broader communities about combating racism and promoting human rights. Our aspiration is to ensure that Macedonian communities and other excluded groups throughout the world, are recognised, respected and afforded equitable treatment. For more information please visit www.macedonianhr.org.au or email info@macedonianhr.org.au.



ARCHIVE