АВСТРАЛИСКО-МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ЈА ОСУДУВА НАМЕРАТА НА МАНУ ДА ГО ОДБЕЛЕЖУВА ИЛИНДЕН ЗАЕДНО СО БАН


Мелбурн, 3/7/2014 – во месец мај 2014г.првиот човек на МАНУ, академик Владо Камбовски,изјави дека оваа врвна македонска научна иституција има намера да го одбележува големиот македонски национален празник Илинден заедно со Бугарската Академија на Науките (БАН).  Намерата е преку “работни групи”  научниците да разговараат за проблемите со кои се соочуени во обид да се урнат бариерите на политиката меѓу Бугарија и Македонија.  При неговата посета на Македонија , првиот човек на БАН, Стефан Воденичаров, ја даде следната изјава:”При толкување на историските теми треба да се гледа исклучиво на фактите. Треба да се погледнат фактите и да се слушнат аргументите, а не секој на свој начин тоа да го толкува. Научниците треба да зборуваат за историјата, а не политичарите. За таа цел договоривме да направиме работни групи кои ќе разговараат точно за проблемите со кои се соочуваме“.


Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права нема ништо против една поинтензивна соработка меѓу МАНУ и БАН и спроведување на заеднички проекти и научни студии, но под еден одреден услов. Таа соработка треба да биде заснована искулчиво на почитување и признавање од страна на БАН на посебниот македонски идентитет, јазик и култура. Официалниот став на БАН и бугарската држава е дека Македонците се Бугари идека македонскиот јазик е диалект на бугарски. Поради тоа,горенаведената изјава на Воденичаров не влева надеж дека тој став на БАН е променет или ќе се промени во најблиска иднина. На против, горенаведената изјава јасно зборува дека појдовна точкана БАН во работните групи кои треба да се форимраат ќе биде дека “Македонците се Бугари”и дека БАН ќе се потруди да ги “добилжи ставови”врз основа на овој “историски факт”.

Одржување на вакви работни групи на денот или околу денот на Илинденското Востание со соговорници како научници и историчари од БАН го сметаме за крајно наивно, навредливио и против интресите на македонскиот народ и држава. Се прашуваме дали МАНУ исто така има намера да разговара со Грчката Академија на Науките за карактерот на Балканските Војни од 1912-1913г. или за општото прогонување на Македонците во Егејска Македонија, во обид да ги “доближат ставовите”и да покажат “европскипристап”при решавање на спорни прашања?За тоа осудуваме било каква соработка со БАН за осетливи прашања какви што се македонскиот идентитет, јазик и историја пред таа бугарска институција јавно да ја признае македонската нација и македонскиот јазик.

Меѓутоа, уште позагрижувачки e воодушевеноста со која претседателот Ѓорѓе Иванов му преложи на бугарскиот претеседател Плевнелиев, Декларацијата за добрососедтсво од 1999г. меѓу Македонија и Бугарија да биде преточенaво Договор за добрососедство. Како што е општо познато, со оваа декалрација тогашната влада на Љупчо Георгиевски се откажа од  уставната обврска да ги брани правата на Македонците во Булгарија, а истовремено се согласи да ја користи формулацијата “Македонски јазик, според Уставот на РепубликаМакедонија”во текстот на делкларацијата со која што се оспорува автентичността на македонскиот јазик. За тоа, ја повикуваме македонската влада да се откаже од намерата горенаведената декалрација да се претвори во договор се додека Бугарија одбива официално да ја признае  македонската нација, јазик и култура.

Охрабрени од отстапките на МАНУ и Ѓорѓе Иванов, бугарскиот претседател Плевнелиев неодамна му предложи на претседателот Иванов оваа година заеднички да се слави Илинден, и тоа прво во Бугарија , па после во Македонија. Овој подмолен предлог е само продолжеток на децениските бугарски обиди да се прикаже дека “Македонците сеБугари”и езаснован на принципот “еден народ во две држави”. Прифаќањето на бугарската понуда да се слави заеднички национлниот ден на македонскиот народ, во сегашните услови, ќе значи и прифаќање на негаторскиот бугарски став дека нема ни посебен македонски народ, ни посебен македонски јазик. За тоа, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права ја повикува македонската влада и претседателот на Република Македонијабезусловно да ја отфрлатпредложената заедничка прослава со Бугарија на македонскиот национален и државотворен празник. За една таква прослава само може да се помисли ако Бугарија го признавамакедонскиот народ и македонскиот јазик воРепублика Македонија и ги признава етничките Македонци воПиринска Македонијаи другитeделови на Бугарија.

Апелираме до властите во Република Македонија на место да прават отстапки во обид да се здобијат со бугарска подршка за евроатланските интеграции, цврсто да го бранат македонскиот идентитет и јазик и да ги одбијат сите обиди за промена на името на државата и македонскиот идентитет, јазик и култура. На крајот би сакале да потсетиме дека најосновна европска и цивилизациска вредност и неприкосновено право е достоинствено да го негуваш сопствениот идентитет и култура како основа за рамноправна соработка и интеграција со светот. 

Established in 1984, the Australian Macedonian Human Rights Committee (AMHRC)is a non-governmental organisation that informs and advocates before international institutions, governments and broader communities about combating racism and promoting human rights. Our aspiration is to ensure that Macedonian communities and other excluded groups throughout the world, are recognised, respected and afforded equitable treatment. For more information please visit www.macedonianhr.org.au, email info@macedonianhr.org.auor via +61 3 9329 8960.



ARCHIVE