Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) со задоволство изјавува дека после една долготрајна кампања на лобирање, австралиската влада конечно ја има повлечено својата дискриминаторска и расистичка „Славо-македонска“ директива со која што македонската заедница беше преименувана во 1994 г.
Во писмо до АМКЧП датирано 9 јануари 2012 г., вршителот на должноста шеф на кабинетот на Министерот за надворешни работи напиша:
„Јас можам да потврдам дека „Славо-македонското“ Административно циркуларно писмо повеќе не е на сила во Министерството за надворешни pаботи и трговија (ДФАТ). Како што е вообичајната пратика што се однесува до неважечки Аднминистративни циркуларни писма, тоа е поништено и докуметот е ставен во архива. Исто така, ДФАТ ми има ставено до знаење дека „Славо-македонската Директива”не се применува во други владини служби, влучувајки ги и Министреството за имиграција и државјанство и Австралискиот завод за статистика.”
Министерството за имиграција и државјанство исто така го потврди овој став во друго писмо до АМКЧП на 11 јануари 2012 г.:
„Како што изјавил вршителот на должноста шеф на кабинетот на министерот за надворешни работи, јас можам да потврдам дека ова министерство активно не го употребува терминот „Славо-македонски.” На пример, Националната служба за преведување и толкување сега само го употребува терминот „македонски”. Ние ја признаваме загриженоста на Македонско-австралиската заедница во врска со ова прашање.”
Со ова победа се одбележува крајот на една значајна и долготрајна кампања водена од Австралиско-македонскиот комитет за човекови права, чија цел беше владата да сесогласи да го прифати правото на македонската заедница на самоидентификација. Кампањата започна во 1994 г.и вкулучуваше сослушувања во Високиот суд на Австралија, Комисијата за човекови права и еднакви можности и Парламентарниот комитет за надворешни работи и трговија. Кампањата го достигна својот врв неодамна како последица на интензивна серија од размени на мислења која вклучуваше средби и допишувања со водечки министри на владиниот кабинет (вклучувајки ја и премиерката), парламентарни претставници од сите политички партии и разни владини министерства.
Соопштението на австралиската влада дека официално става крај на својата навредлива политика на преименување значи враќање кон долготрајна и успешната политика на мултикултурата, која АМКЧП оддамна ја поддржува. Ова е победа која ќе биде корисна за зачувување на човековите права на сите Австралици.
Иако АМКЧП е среќен што австралиската влада ја промени политиката кон македонската заедница, тој го повторува своето барање владата на Австралија логично да постапува и да ја признае Република Македонија под нејзиното официаллно и демократско избрано име.
Лица за контакт со медиумите:
Во февруари 1994 год. Австралија ja призна Република Македонија под привремената референца „Поранешната Југословенска Република Македонија”.
Вoмарт1994год., федералната влада на Австралија издаде Директива, која што официално ги обврза сите владини служби и агенции да ги преименуваат сите Македонци кои живеат во Австралија во „Славо-Македонци”. Ова се оденесувашена сите тие лица кои потекнуваа од Република Македонија. Сите други припадници на етничката македонска заедница кои што имаа пристигнато во оваа земја од оние делови на Македонија надвор од границите на Република Македонија (на пример: од Грција)требаше, според директивата, да се ословуваат како „лица поврзани со Славо-Македонци”. Со оваа директива, австралиската влада фактички им го одзеде правото да имаат свој етнички идентитет.
Во 1994 г, цитирајки го преименувањето на македонската заедница од страна на федералнта влада, поранешниот премиер на Викторија, г. Џеф Кенет, издаде директива. „Јазичната директива”, како штопочна да се нарекува, ги обврза викториските државни инситуции и служби да го ословуваат македонскиот јазиик официално како „македонски (словенски).”
АМКЧП поднесе жалба во Комисијата за човекови права и еднакви можности (ХРЕОК) со која што се оспоруваше директивата на викторската влада поради тоа што е дискриминаторска и заснована на расистички побуди. После серија сослушувања во Федералниот суд, во Федералниот суд(во полн состав)и во Високиот суд на Австралија, предметот беше вратен во ХРЕОК на повторно разгледување.
Комесарот Стрит од ХРЕОК ја објави својата одлука на 8 септември 2000 г.. Во неа тој изјави дека викториската влада постапи незаконски според членот 9(1) од Законот за расна дискриминација од 1975 г., за тоа што издала директива, односно меморадум во кој што „се направи разлика заснована на етничкото потекло при преименување на македонскиот јазик и на тој начин се нарушило признавањето на рамноправна основа на едно човеково право во културниот живот на говортелите на македонскиот јазик”. Со оваа одлука тој изјави дека викториската влада треба да престане да постапува незаконски.
Наспроти бројните протести и приговори од страна на АМКЧП и други членови на македонската заеднца, низа федерални влади продолжуваат да ја спроведуваат „Славо-македонската” директиватаи политиката.
Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) им испраќа писма на Министерот за надворешни работи и Министерот за имиграција и државјанство во кои што бара формално да се укине дискриманторска и навредливата „Славо-македонска” директиваи политика.
Министерот за имиграција и државјанство, во својот одговор на писмото на АМКЧП трвди дека „директивата е нешто што потпаѓа под ресорните ингеренции на министерот за надворешни работи.”
Во својот писмен одговор до АМКЧП, директорот на одделението за Јужна Европа на Министерството за надворешни работи, во име на Министерот за надворешни работи, го потврдува задржувањето на владината политика во врска со користењето на терминот „Славо-македонски”, но трвди дека тој„не знае до коjстепен и како таа се применува во службите на Комонвелтот.”
Фрустриран од недостатокот на транспарентност од страна на владата во врска со оваа тема, АМКЧП поднесува барање под Законот за слободен пристап кон информациите од 1982 год. (FOI) и бара да му се достават тие документи кои го евидентираат спроведувањето на „Славо-македонската”директива. Штом ги добиеше потребните документи, намерата на АМКЧП беше да поведе правна постапка против владата за кршење на Законот за расна дискриминација, како што веќе имаше направено успешно во случајот со викториската влада и преименувањето на македонскиот јазик.
Министерот за надворешни работи, на одговор на допсиката со друг владин министер, негов колега, трвди дека „Славо-македонскатадиректива“беше издадена од тогашното Министерство за имиграција и етнички работи и спрема тоа, ние би можеле да стапиме во контакт со неговиот колега, Министерот за имиграција и државјанство, во врска со ова прашање.
Владин министер добива писмо од Парламентарниот секретар за имиграција, државјанство и мултикутурни работи кој ја префрлува одговорноста за директивата на Министерството за надворешни работи и трговија, трвдејки дека „Директивата од 1994 г. во врска со терминот „Славо-македонски” неможе да се укине бидејки таа зависи од надворешната политика на австралиската влада во врска со името на земјата.”
Претставници на АМКЧП се појавуваат пред Мешовитиот парламентарен поткомитет за човекови права во Парламентот во Канбера каде што дискутираа за низа прашања поврзани со човековите права, влучувајки ја и „Славо-македонската”директива.
Многу дузини документи беа предадени на АМКЧП како резултат на барањето поднесено под Законотза слободен пристап кон информациите. Иако делови од предадените документи беа редактирани, она што беше предадено резултираше со разоткривање на доста информации за владината политика по оваа тема. На пример, според милсењето што го доби Министерството за надворешни работи од самите свои советници “иако директивата од 1994 г. не била суспендирана, во пракса Комонвелтските служби се отдалечиле од употребата на терминот „Славо-македонски““(Министерски поднесок 09-1054, 26/05/2009).
Министерството забележа дека „(поради) тоа што тоа не се спроведува доследно и поради тоа што е навредлива за македонската заедница, постои причина за пресипитување на директивата„ (Министерски поднесок 09-1054, 26/05/2009). Службени лица од ДФАТ исто така признаваат дека „Славо-македонски”е одвратен термин”и дека„многу лесно може да се смета за погрешен (и како резултат на тоа може да се смета за навредлив)” (електронска порака од Одделението за Јужна Европа, 10/1/2006).
Згора на тоа, документите обелоденија дека освен за македонската етничка група, директивата исто така е навредлива за други етнички групи од Република Македонија. Всушност, во мислењето се забележува дека „освен тоа што се осеќаат навредени, овие други групи би сметале дека е неточно тие да бидат ословени како „Славо-македонци”, што се однесува дoопишување на нивната националност” (Министерски поднесок 09-1054, 26/05/2009).
Во неколку наврати владата трвдеше дека „терминот „Славо-македонски“не треба воопшто да се свати како етничка одредница”. Меѓутоа, во 2006 г., службено лице на ДФАТ од Одделението за Јужна Европа призна дека „терминот „Славо-македонские всушност етнички показател” (електронска пошта од Одделението за Јужна Европа, 10/1/2006).
АМКЧП им испраќа писма на австралиската премиерка, министерот за надворешни работи и министерот за имиграција и државјанство во кои што ги приложува информациите добиени како резултат на барањето под Законот за слободен пристап кон информациите и побарува формално да се укине „Славо-македонската“директива”и да се прифати правото на македонската заедница во Австралија на самоидентификување.
Претставници н АМКЧП продолжуваат со своето лобирање и се среќаваат со премиерката на Австралија и други владини министри во рамките на денот посветен на средби на владиниот кабинет со заенцицата што се одржа во Вериби, Мелбурн.
Во име на министерот за надворешни работи, шеф на кабинетот на министерот за надворешни работи испраќа писмо до АМКЧП со следната содржина:
„Јас можам да потврдам дека „Славо-македонското“Административно циркуларно писмо повеќе не е на сила во Министерството за надворешни паботи и трговија (ДФАТ). Како што е вообичајната пратика што се однесува до Аднминистративни циркуларни писма, тоа е поништено и докуметот е ставен во архива. Исто така ДФАТ ми има ставено до знаење дека „Славо-македонската”Директива не се применува во други владини служби, влучувајки ги и Министреството за имиграција и државјанство и Австралискиот завод за статистика.”
Министерствотоза имиграција и државјанство исто така го потврди горенаведниот став во писмо испрaтено подоцна до АМКЧП:
„Како што изјавил шеф на кабинетот на министерот за надворешни работи, јас можам да потврдам дека ова министерство активно не го употребува терминот „Славо-македонски”.На пример, Националната служба за преведување и толкување сега само го употребува терминот „македонски”. Ние ја признаваме загриженоста на Македонско-австралиската заедница во врска со ова прашање.”